Поради големи врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ.
Забраната почнува да важи од 10:15 часот, и ќе важи додека не се расчисти ситуацијата.
„Од 10:15часот поради интензивни врнежи од снег
се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово –
Дебар.“, велат од АМСМ.
Претходно беше донесено задолжително користење на зимска опрема на тешките товарни возила на превојот Пресека меѓу Охрид и Кичево.
Градоначалникот Медат Куртовски изјави дека вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини.
Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.
Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините.
Во Тресонче и околните села според нашиот известувач состојбата е засега стабилна но со обилни врнежи на снег кои условијa повисока снежна покривка.
Поради тежината на влажниот снег можни се и прекини на напојување со електрична енергија.
0 Comments