Средби по повод последните случувања со мавровското тло

by | Nov 13, 2020 | соопштенија

По вчерашните силни земјотреси чиј епицентар беше во општината Маврово и Ростуше денеска градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Директорот на Институтот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов.На средбата е разговарано за штетите од земјотресите , опасностите и мерките кои треба да се превземаат за последиците бидат сведени на најмало ниво.
Притоа е нагласена потребата за поставување на инструменти за регистрација во оваа општина на сите потреси на земјата . Со поставување на овие мерни инструменти би се следеле целата состојба со потреси на земјата на територијата на Општина Маврово и Ростуше е нагчасено на средбата .

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов, истакна дека ова се очекувани потреси на нашата територија и дека населението треба да биди присебно и без паника да ги превзема потребните чекори при вакви потреси.

На средбата е констатирано дека се мапираат сите локалитети каде во текот на вчерашниот ден, имаше одрони на карпи и друг земјен материјал, како би се превезле неопходните мерки за нивна санација.

Договорено е да се изврши обука на нашите стручни служби, во врска со оваа проблематика, како би дошло до изградба на квалитетни градби, кои ќе бидат поотпорни од овие несакани појави на земјотреси. Институтот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, е научноистражувачка и високообразовна установа како единица во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

По бројните земјотреси што се случија вчера кои епицентар имаа на територијата на општина Маврово и Ростуше, денеска состојбата е помирна. Градоначалникот Медат Куртовски нагласи дека денеска се примени информации дека има оштетени куќи во неколку села како во Маврвоскиот регион така и во регионот на Река .

 

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

March 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ