Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН
По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда дека станува збор за поголем дефект на 10kV (киловолтниот) вод. Според информациите кои ги добивме од наш извор од терен во Тресонче, оштетувањето е на делот од водот кој се протега на потегот кон село Лазарополе, каде паднати бандери го прекинале напојувањето.
Екипите на Електродистрибуција се веќе на терен и работат на санација на оштетувањето уште од утринските часови. Со оглед на тоа што се работи за планински предел со специфичен терен и тековни зимски услови, санацијата на бандерите бара дополнително време и напор од страна на монтерите.
📵 Прекин на мрежата на T-Mobile
Покрај недостигот на електрична енергија, прекинот предизвика и проблеми со мобилната комуникација.
Моментално, корисниците на T-Mobile во Тресонче и околината се целосно без мрежен сигнал.
Ова се случува поради прекин во напојувањето на базните станици во регионот. Се очекува нормализирање на сигналот веднаш штом ќе биде вратена електричната енергија во мрежата.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Висок ризик на патот кон Тресонче
Нашиот известувач од терен испраќа итно предупредување до сите возачи:
Патот на потегот Гарски мост – Тресонче е исклучително лизгав, со подмрзнати делови и е премногу ризичен за движење! Апелираме до сите кои се наоѓаат во Тресонче и околните села за трпение и рационално користење на залихите и батериите. Не тргнувајте на пат со возило доколку не е неопходно, бидејќи условите на кракот Гарски мост – Тресонче се критични.
За секоја итна ситуација, потсетуваме на единствениот број за повици: 112.
Известува: Теодор Саржоски









0 Comments