Започна првата малореканска летна школа – По стапките на Дичо Зограф

by | Sep 2, 2020 | некатегоризирано

Деновиве, со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во содејство и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, Свештена Бигорска Обител ќе биде домаќин на Првата малореканска ликовна школа, насловена: По стапките на Дичо Зограф. Конференцијата се одржува во чест на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорски, а на неа учество ќе земат десетина звучни имиња од македонската научна јавност. Свеченото отворање на овој научен собир се одржа вчера, во дворот на црквата Свети Петар и Павле, во родното село на Дичо Зограф – Тресонче. Пригоден говор одржа проф. д-р Сашо Цветковски, научен соработник од МАНУ и коорганизатор на конференцијата, потоа академик Живко Попов, а од името на Владиката Партениј, учесниците и гостите ги поздрави јеромонахнашето братство. На отворањето присуствуваа научните работници, студенти, тресончани од здружението Брзовец и директорот на НП Маврово, г. Самир Ајдини. По отворањето, во храмот беше отслужена трисагија за покој на душата на великанот Димитар – Дичо Крстев.

Попладнето истиот ден, во великиот синодикон во Бигорскиот Манастир започна и сесијата предавања, а неа ја отвори јеромонахот Кирил, со реферат посветен на првиот Архиепископ Охридски и ктитор на Свештената Бигорска Обител, Светиот отец наш Јован Дебранин. Следниве денови свој реферат ќе одржат: проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Васил Ѓорѓиев, проф. д-р Александар Василески и други.

Преземено од bigorski.org.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Времен режим на сообраќај на делницата Жировница-Бошков Мост

Поради санација на свлечиште од денеска е воведен 30-дневен времен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост, кај село Скудруње на меѓународен пат кој не поврзува со Република Албанија, поточно на делницата Жировница-Бошков мост во близина на село Јанче и на...

Заврши научната конференција во чест на 1000-годишнината на Бигорски

Првата малореканска научна конференција, насловена: По патеките на Дичо Зограф, а посветена на великиотјубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, којашто започна во понеделникот на 31 Август, денес ја дочека својата свечена завршница. Во големата приемна сала на Бигорскиот...

Започна првата малореканска летна школа – По стапките на Дичо Зограф

Деновиве, со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во содејство и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, Свештена Бигорска Обител ќе биде домаќин на Првата малореканска ликовна...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2024
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ