Заврши научната конференција во чест на 1000-годишнината на Бигорски

by | Sep 7, 2020 | некатегоризирано

Првата малореканска научна конференција, насловена: По патеките на Дичо Зограф, а посветена на великиотјубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, којашто започна во понеделникот на 31 Август, денес ја дочека својата свечена завршница. Во големата приемна сала на Бигорскиот Манастир, каде што се одржаа и најголемиот дел од предавањата, учесниците беа поздравени и благословени од страна на нашиот старец и игумен, Епископот Партениј. Најнапред, од името на научните работници, се обрати проф. д-р Сашо Цветковски, кој, заедно со нашиот Старец, беше иницијатор и организатор на ова научно збиднување во чест на илјадалетието. Професорот Цветковски направи кратка рекапитулација на заклучоците од научните предавања и му се заблагодари на Епископот Партениј за гостопримството и поддршката при реализацијата на конференцијата. Тој, меѓу другото, го истакна значењето на Бигорското Светилиште низ вековите, а особено во преродбенскиот 19 век, кога Манастирот бил центар на културно-општествените случувања во мијачкиот крај, но и пошироко, а продолжува истото да биде и денес. Во продолжение, кон присутните се обрати Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, кој денеска беше наш ценет гостин. Тој истакна дека се чувствува возвишен од убавините на Бигорскиот Манастир и воедно му упати топла благодарност на владиката Партениј, што за изминатите две и половина децении успеа да го воскресне Манастирот и да го умножи неговото благолепие. Од својата страна, тој даде ветување и за понатамошна поддршка на МАНУ за слични проекти и соработка. Завршниот збор го имаше старецот и владика Партениј, кој им се заблагодари на научните работници што со своите дела дадоа значаен придонес во одбележувањето на илјадагодишнината на Бигорски. Тој, исто така, им го пренесе поздравот и благословот од нашиот почитуван надлежен Митрополит, г. Тимотеј Дебарско-кичевски, а потоа посочи колку важно е надлежните институции и поединци да го помагаат културно-историското наследство, но и да имаат правилен однос кон живите споменици, кон монашките братства, кои не само што свето го пазат наследството од предците, туку и го надополнуваат и творат ново. Старецот го предочи суштественото значение на Бигорската Обител за македонската преродба, култура, духовност и државност и повика на поголема свесност за улогата што ја имал и ја има во нашето општество.Накрај, Епископот Партениј им додели посебни признаници на учесниците на конференцијата.

Пренесува bigorski.org.mk

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Времен режим на сообраќај на делницата Жировница-Бошков Мост

Поради санација на свлечиште од денеска е воведен 30-дневен времен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост, кај село Скудруње на меѓународен пат кој не поврзува со Република Албанија, поточно на делницата Жировница-Бошков мост во близина на село Јанче и на...

Заврши научната конференција во чест на 1000-годишнината на Бигорски

Првата малореканска научна конференција, насловена: По патеките на Дичо Зограф, а посветена на великиотјубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител, којашто започна во понеделникот на 31 Август, денес ја дочека својата свечена завршница. Во големата приемна сала на Бигорскиот...

Започна првата малореканска летна школа – По стапките на Дичо Зограф

Деновиве, со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, а во содејство и организација со проф. д-р Сашо Цветковски, Свештена Бигорска Обител ќе биде домаќин на Првата малореканска ликовна...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ