Земјотресот предизвика одрон на патот Дебар – Маврово

by | Nov 11, 2020 | соопштенија

Утрово околу 4 часот и 55 минути силен земјотрес го стресе Тресонче. Според првичните информации од сеизмолошките станици земјотресот бил со јачина од 5,5 степени по рихтеровата скала, со епицентар во Леуново, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Дебар, Лазарополе, Тетово, Скопје и други градови во Македонија, како и во делови од Албанија.

Уште два земјотреси се регистрирани изминативе неколку часа, по силниот потрес утринава со интензитет од 5,5 според Рихтер.

Првиот со јачина 3.8 беше регистриран околу 12 часот напладне, со епицентар на 15.8 километри северноисточно од Тресонче со длабочина на 10 километри.

И вториот околу 13 часот и 26 минути, 3.7 степени според Рихтер, исто така со епицентар во мавровското подрачје, односно на 16 километри североисточно од селото, на длабочина од 2 километри.

Последниот посилен земјотрес регистриран околу 15 часот и 30 минути, со јачина од 4,9 степени по рихтеровата скала предизвика одрон од околу 200 кубни метри камен кој се урна на коловозот на патниот правец Дебар-Маврово кај Долно Косоврасти. Одронот настана дваесетина минути по последниот земјотрес.

Во вечерните часови екипите на Македонија Пат го отстранија одронот.

Ова беше еден од серијата земјотреси што го затресе западниот дел од земјава. Најсилниот беше во 4.54 наутро со јачина од 5 степени по Рихтер и епицентар во Леуново. Сеизмолошките станици во текот на денот регистрираа над 7 други потреси со јачина меѓу 2,7 и 4,9 степени.

Од нашиот дописник од Тресонче добивме информација дека не се констатирани поголеми екстерни оштетувања на објектите во Тресонче, освен кекои поситни како по некој оштетен оџак и сл. што не би можело да се каже и за внатрешниот дел каде што би било пожелно секој сопственик одделно да си го провери својот објект како би добил увид во фактичката состојба, а посебно да се обрне внимание на евентуалните промени во кровната конструкција, и тоа час поскоро, со цел навремено интервенирање и санирање во пресрет на зимата.

Околу состојбата на патот сеуште немаме конкретни информации кои сме во исчекување да ги добиеме од страна на нашиот дописник во текот на вечерта а најдоцна до следното утро, за што ќе бидете веднаш известени.

Обновено 12.11.2020

Од нашиот известувач добивме информација дека патниот правец Тресонче – Б. Мост е потполно прооден, и  дека не се констатирани одрони и други нарушувања на безбедноста на истиот.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Подвиг на Бистра: Спасени двајца вработени на мобилен оператор по цела ноќ во снежно „заложништво“

Зимата на планината Бистра уште еднаш ја покажа својата сурова страна. Изминатиов викенд, во атарот на нашето соседство, се одвиваше вистинска спасувачка драма која траеше повеќе од девет часа. Главни актери беа двајца теренски работници кои, извршувајќи ги своите работни обврски во екстремни...

Тресонче отсечено – паднати бандери ја исклучија струјата, патот од Гарски мост е премногу ризичен!

Од раните утрински часови, поточно од 05:00 часот по полноќ, жителите на село Тресонче, Селце, Росоки и околните населени места се соочуваат со целосен прекин во снабдувањето со електрична енергија. 🛠 Локација на дефектот и работа на ЕВН По контактирање на дежурните служби во ЕВН, добивме потврда...

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Невреме и тешко проодни патишта во западна Македонија

⚠️ Критична состојба на патиштата: Скопје-Тетово, Кичево-Охрид и Маврово-Дебар се тешко проодни поради невремето. Прочитајте ги деталите и советите за безбедно возење.

Известување за корекција на придонесот за вода и комуналии

Почитувани Тресончани, сопственици на имот и љубители на нашето село, Сакаме да ве информираме дека на последниот состанок на Извршниот одбор на Здружението на граѓани „Брзовец“, по детална анализа на состојбите и трошоците, донесена е неопходна одлука за корекција на износот на годишниот придонес...

Од инцидент до решение: нов објект за контејнерите во Тресонче

Во последниот период имавме неколку инциденти со посети на мечка, при што беше разрушувана заштитната ограда и дел од отпадот завршуваше во долот. Наместо да се помириме со проблемот, заедно најдовме трајно решение. Ново, безбедно место за контејнерите Со финансиска поддршка од АутоГруп, изграден...

Забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август поради зголемен ризик од пожари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека од 1 јули 2025 година стапува во сила целосна забрана за движење во сите шуми и шумски подрачја низ територијата на Република Северна Македонија. Забраната ќе трае до 31 август 2025 година, како дел од...

Отворена е Петтата „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“

Во чест на македонскиот зограф Дичо Зограф денеска во неговото родно Тресонче ќе биде отворена петтата по ред Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“. Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на...

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Обилните врнежи од дожд на патните правци во поширокиот дебарски регион предизвикаа чести одрони на патните правци, а утрово на Маврово има и слаби врнежи од снег. Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Заврши втората малореканска научна конференција

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г....

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

February 2026
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
232425262728  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ