Димитар Аврамовски Пандилов

by | Dec 3, 2019 | личности

zs_Dimitar Pandilov_06-800Димитар Аврамовски Пандилов припаѓа на генерацијата сликари кои во минатиот век се издвојуваат со својата уметничка љубопитност околу модерниот европски сензибилитет, трудејќи се во жанрот на импресијата да го дадат својот творечки опус истовремено олицетворувајќи ги македонскиот живот и поднебје. Мотивиран и инспириран од интересните градски и селски композиции на македонското жителство, Пандилов ги замрзнува живописните состојби во за него карактеристичен маниристички цртеж.

zs_Dimitar Pandilov_02-800.jpgЗаедно со Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски итн., ги доживува и отсликува историските настани и моменти на борбата за националното ослободување на македонскиот народ. Тоа претставува историски потфат во процесот на создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност“.

zs_Dimitar Pandilov_01-800Димитар Аврамовски Пандилов е роден на 1 март 1899 во село Тресонче, починал во скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 год. Претставник е на импресионизмот и еден од основачите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год.
Самостојно изложувал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Димитар Аврамовски Пандилов

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според...

Животот и Делото на Дичо Зограф

Димитар (Дичо) Крстев (Крстеви) Дичов, познат како Дичо Зограф, е македонски иконописец, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Дичо Зограф е еден од најплодните сликари на македонската ренесанса – огромна количина прекрасни икони и мурали се расфрлани низ целиот регион, Охрид,...

Зограф Аврам Дичов

Аврам Димитров Дичов е македондки фрескописец од ренесансата, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Света Богородица со Христос и други светци“, „Света Богородица“, Тетово, 1873 г., 41,5 Х 32 Х 3 cm Роден е во големото мијачко село Тресонче, Дебарско, во 1840 година во семејството на...

Делото стари народни песни од Томо Смилјаниќ. Влијанието на Смилјаниќ меѓу мијаците во 30-тите години од минатиот век30-те ГOДИНИ OД XX ВЕК

Зaпoчнувaме сo oбјaвувaње нa делoви oд делoтo СТАРЕ НАРOДНЕ МИЈАЧКЕ ПЕСМЕ нa Др. Тoмa Смиљaниќ, издaденo вo Белгрaд 1961 гoдинa. Делoтo е издaденo зa прв пaт вo 1960 гoдинa и е дел oд Глaсникoт нa Етнoгрaфскиoт интитут при Српскaтa aкaдемијa нa нaуките и уметнистите, oд стрaнa 139 дo 170. Би сaкaл...

„Матка“ ја изградил во предвидениот рок, Собранието, Стара железничка…

Роден 1887 година во селото Тресонче, западна Македонија, во семејство на познатите градители, резбари и уметници Мијаци, Јосиф Михаиловиќ е човекот кој го претвори Скопје во модерен град. Во неговиот градоначалнички мандат се изградени највпечатливите зданија во македонската метропола – зградата...

1 Comment

  1. Josko Sarzoski

    Bravo Avram,

    D. Pandilov e redok umetnicki talent, koj od politicki pricini e marginaliziran . Inaku e direkten potomok na Dico Zograf .
    Umetnik so vrvna tehnika i mal broj dela poradi ranata smrt vo zemjotresot 1963.
    Golem Velikan od Tresonce!!

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ