Димитар Аврамовски Пандилов

by | Apr 5, 2020 | личности

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век.

Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според усното предание, се знае дека основач на фамилијата Дичовци, резбари и зографи, бил Дичо, резбар и зограф во XVIII век. Дичо имал син Крсте, а Крсте бил татко на Дичо Крстев кој бил најплодниот македонски зограф во XIX век во последниот процут на македонската црковна уметност. Како рутиниран мајстор на икони и фрески во стилот на атоскиот барок, тој ги исполнил со свои дела црквите во Македонија, еден дел од Србија и Бугарија.

pandilov

Во историјата на македонското сликарство на XIX век има голема заслуга што насликал прв икона-портрет, во 1853 година, на еден свој современик, јеромонахот Самуил од манастирот Зрзе. Овој портрет-икона, по своите стилски одлики, значаен е поради тоа што претставува чекор напред до првиот световен портрет на зографот Димитар Андонов Папрадишки, во крајот на XIX век, Дичо Крстев имал 8 синови, од кои само двајца, Аврам и Спиридон, се занимавале со зографство. Аврам, зографот, е дедо на Димитар Пандилов кој често се потпишувал Аврамовски Пандилов.

pandilov 2
Димитар прогимназија завршува во 1914 година и, по завршувањето на Првата светска војна, во 1918 година, се запишува во Софија на Художенствената академија која ја завршува со успех во 1924 година. Во 1927 година на Велигден во Скопје ја отвара својата прва самостојна модерна изложба. Кратко престојувал во Монпелје, Франција. каде што пркстапил во Сликарската академија Гранд Шомиер.

Вредно одел секој ден во Лувр, и најблиски му биле мотивите на Миле и Русо, а по начинот на сликање – Моне и Писаро. Кога се вратил во Македонија вил наставник по цртање во Гимназијата “Маршал Тито”, а потоа во Уметничката школа се до пензионирањето. Најмногу слика селски жанр од неговото Тресонче, и од Македонија, реалистички пејзажи и портрети и луѓе со кои се дружел, зборувал и ги сакал.

Ликовната критика за Пандилов – Викторија Васева Димеска 

Колку што Димитар Пандилов според својата природа беше скромен, благороден и емотивен романтичар, толку неговото дело остави „агресивна“ трага во исликување на првите страници на македонското современо сликарство. На уметникот со такви карактеристики импресионизмот можеше да му ја даде смислата, дотолку повеќе што сликарски ѝ е близок на онаа уметност што Пандилов ја чувствуваше и низ која го бараше својот животен и творечки пат.

zetvarki copy

Со своето дело Димитар Пандилов го надмина нивото на пленеризмот и импресионизмот на нашите простори, навлегувајќи во самата суштина на светлината, во нејзиното битие и во нејзината боја. Добивката на Пандилов е што за свои учители ги имаше П. Клисуров и Н. Маринов во кои најде поттик за, потоа, да може да ја измери вредноста на сопственото истражување на светлоста, топењето и прелевањето на бојата под нејзината „обвивка“. Од нив, како и од допирот со изворот на импресионизмот во Париз (1927/28), Пандилов извлече одредени поуки и искуства врз кои го создаде делото на својата уметничка зрелост.

Публцитет.мк

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Димитар Аврамовски Пандилов

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според...

Животот и Делото на Дичо Зограф

Димитар (Дичо) Крстев (Крстеви) Дичов, познат како Дичо Зограф, е македонски иконописец, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Дичо Зограф е еден од најплодните сликари на македонската ренесанса – огромна количина прекрасни икони и мурали се расфрлани низ целиот регион, Охрид,...

Зограф Аврам Дичов

Аврам Димитров Дичов е македондки фрескописец од ренесансата, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Света Богородица со Христос и други светци“, „Света Богородица“, Тетово, 1873 г., 41,5 Х 32 Х 3 cm Роден е во големото мијачко село Тресонче, Дебарско, во 1840 година во семејството на...

Делото стари народни песни од Томо Смилјаниќ. Влијанието на Смилјаниќ меѓу мијаците во 30-тите години од минатиот век30-те ГOДИНИ OД XX ВЕК

Зaпoчнувaме сo oбјaвувaње нa делoви oд делoтo СТАРЕ НАРOДНЕ МИЈАЧКЕ ПЕСМЕ нa Др. Тoмa Смиљaниќ, издaденo вo Белгрaд 1961 гoдинa. Делoтo е издaденo зa прв пaт вo 1960 гoдинa и е дел oд Глaсникoт нa Етнoгрaфскиoт интитут при Српскaтa aкaдемијa нa нaуките и уметнистите, oд стрaнa 139 дo 170. Би сaкaл...

„Матка“ ја изградил во предвидениот рок, Собранието, Стара железничка…

Роден 1887 година во селото Тресонче, западна Македонија, во семејство на познатите градители, резбари и уметници Мијаци, Јосиф Михаиловиќ е човекот кој го претвори Скопје во модерен град. Во неговиот градоначалнички мандат се изградени највпечатливите зданија во македонската метропола – зградата...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2024
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ