Ѓорѓи Јаковов Зографски

by | Apr 15, 2017 | личности

Ѓорѓи Јаковов  ЗографскиЈа поминав 60-тата но сеуште работам и ќе работам додека можам, зашто во својата работа наоѓам егзистенција за живот и едно длабоко уживање кое го има во секој човек кога може да твори и да дава нешто од себе“ – рекол Ѓорѓи Јаковов Зографски, еден од најзначајните македонски зографи, следбеник на творештвото на Димитар Андонов Папрадишки, кој живеел од 1871 до 1945 година и со чиј премин во профаното сликарство започнал и новиот период во развојот на ликовната уметност во Македонија.

Ѓорѓи Зографски потекнува од Рензовско-Зографскиот род, од мијачкото село Тресонче, кој спаѓа меѓу најстарите родови од Река што се занимавале со градителство, зографство, иконопис и копаничарство. Се родил во 1871 година во село Папрадиште, Велешко. Тој е директен потомок на познатата зографска, резбарска и градителска фамилија на Дамјан Јанкулов (1770 – 1830). Неговиот татко Јаков бил мајстор – градител, резбар и живописец.

Основно образование завршил во родното место, учејќи азбука и читање од стари старословенски книги од кои поголемиот дел биле од црковен карактер. Од најраното детство Зографски почнал да го придружува својот татко на неговите печалбарски патувања со цел да го учи зографскиот занает. Во 1884 година кога имал 13 години, неговото семејство се преселува во Велес.

Во 1887 година, рускиот конзул во Призрен, Иван Јастребов, кој имал можност да ги види неговите сликарски работи, изјавил желба да го прати на школување во Русија. Но, настојувањата на 16 – годишниот Зографски да „учи и да ја види Русија” не биле во согласност со патријархалните разбирања на неговите родители. Благодарение на поддршката од неговиот роднина Диме Андреев, кој во тоа време ја градел црквата „Свети Ѓорѓи” во Призрен, тој успеал да ги убеди своите родители и истата година, на своја иницијатива, заминал во Солун. Во рускиот конзулат ги завршил формалностите околу добивање документи за својот десетмесечен престој во Москва и Петроград. За школувањето и работа во Русија, не се оставени никакви податоци. По Русија ј заминал во Бугарија, каде останал до 1888 година. Потоа, се вратил во Македонија и се приклучил на тајфата на татко си Јаков. Со кого работел во Македонија, Бугарија и Србија, сè до нееговата смрт во 1907 година. Во Софија Јаков Зографски имал свое ателје во кое, по враќањето од Русија, се приклучил и Ѓорѓи, каде покрај икони сликал и ѕидни (фреско) декорации по куќите на богатите семејства и портрети на познати Македонци кои што живееле и работеле во Софија.

Zografski_so_semejstvoto

Ѓорѓи Зографски со семејството: сопругата Роса Зографска, синот Јордан, Јелена Зографска и Јован Зографски и најмладиот син Данчо Зографски (снимено во Велес во 1928 година)

Во 1894 година Зографски се оженил со Сава Мицајкова со која им се родил синот Тодор. По четири години брак Сава умрела, а Зографски заедно со татко му Јаков, заминал во Србија.

Во 1903 година Зографски повторно се оженил, со Роса Вецинова од Велес, со која имал три машки деца, Јован, Јордан и Данчо. . Во овој период сликал икони за црквите „Св. Никола” во с. Рудник, „Вознесение Христово” во с. Еловец и манастирот „Св. Вмч. Димитрија” во Велес.

По смртта на неговиот татко Јаков во 1907, Зографски заминал во Ниш, каде отворил свое ателје. Таму ги сликал иконите за црквите „Архангел Михаил” во село Балаинац, „Св. Јован” во Орлање, „Св. Прокопиј” во с. Шумане, Лесковачко, „Св. Илија” во с. Печењевац, „Собор на светите апостоли” во с. Турековац и др. Во овој период Зографски сликал и портрети на познати свештени и политички личности во Србија.

За време на Првата балканска војна живеел и работел во Велес каде отворил работилница за подготовка на дрвени подлоги за икони, сликање икони и фотографско студио. Сликал икони за повеќе цркви во градот и велешките села, како и во Штип и Кратово, а поради големиот авторитет што го уживал во градот, бил избран за кмет на Велес.

„Периодот од 1927 до 1929 година се смета за еден од поплодните негови периоди. Покрај икони и живопис, насликал и доста портрети на познати личности,  трговци, занаетчии и на негови пријатели од Велес. Зографски стекнал голем авторитет како сликар, кој покрај црковното, почнал да го негува и профаното сликарство. Спонтано ги прифатил новите ликовни струења во уметноста, го збогатил својот ликовен репертоар со нови ликовни идеи и содржини, со теми инспирирани од секојдневниот живот и непосредната околина. Неговиот авторитет и слава достигнуваат врв во 1932 година, кога во дневниот печат биле објавени повеќе текстови за неговиот живот и творештво

Во 1932 година повторно заминал во Србија и сликал икони и живопис во Ужичка Пожега и Белград. Од 1935 година па сè до крајот на својот живот тој постојано живеел во Велес, главно сликајќи икони за селските цркви во околината на Велес.

Умрел од настинка, во декември 1945 година, на 74-годишна возраст.

Во историјата на ликовната уметност Ѓорѓи Јаковов Зографски е вброен во редот на Димитар Андонов Папрадишки, Коста Вангелов, Гаврил Атанасов Беровец, но, како што вели Владимир Величковски и меѓу авторите од Струмица, Штип, Битола и други градови, кои работеле во „руски стил со „живи модели“. Неговите дела освен во црквите и манастирите во Македонија и Србија, се наоѓаат и во приватни музејски збирки во Бугарија.

Зографски, заедно со својот современик Димитар Андонов Папрадишки, најмногу бил ангажиран во зографската и сликарската област. Двајцата извршиле значаен пресврт во македонскиот преродбенски период.

„Од религиозни теми изработени во духот на локалното византиско и поствизантиско сликарство, Зографски одговорил на потребите на младиот македонски граѓански слој и почнал да обработува световни теми. Тој е еден од најзначајните уметници што ја повлекле развојната линија на профаното сликарство кај нас“.

Извор: М.Н.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Заврши петтата Малореканска летна школа – „По патеките на Дичо Зограф“

Во периодот од 1 до 6 септември 2024 година, Бигорскиот Манастир беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа. Овој школа посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски...

Трета Малореканска Зографска Школа

Почитувани, Како и минатите години (веќе традиционално) ќе се оддржи малореканската летна школа “По патеките на Дичо Зограф”. Отворањето на школото ќе биде на 03.09.22 со почеток во 11ч во дворот на црковниот храм Св.Ап. Петар и Павле во с.Тресонче. На отворањето најавени се гости од...

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

  Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 октомври 2021 година, во с. Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на...

Постарата ерминија на Дичо Зограф е најобемното дело на народен јазик од 19 век во Македонија

Јазикот на кој е напишана допрва ќе биде предмет на научен интерес на лингвистите што ги проучуваат нашите македонски дијалекти. Една од особеностите на оваа ерминија е и билингвалноста, двојазичноста, секоја одредница, сигнатура или наслов на сцена е испишан со црковнословенско писмо, заедно со...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Мене куршум ме пронижа, на мајка ми да кажете Максима го женивме за црна земја македонска

Мене куршум ме пронижа, ако некој жив остане, на мајка ми да кажете Максима го оженивме за црна земја македонска, се вели во песната за војводата Максим Ненов од Тресонче, кој на денешен ден загинал за слобода на Македонија. На 29 мај 1903 година, на планината Голак, под врвот Чавките во...

Димитар Аврамовски Пандилов

Потекнува од фамилијата Дичовци, една од најстарите зографски фамилии што ги дала областа Дебар со Галичник и околните села во XVIII и XIX век. Селото Тресонче е татковина на прочуените резбарски, зографски и градителски фамилии. Оттука се Рензовци – Зографски, Печаровци и Дичовци. Според...

Животот и Делото на Дичо Зограф

Димитар (Дичо) Крстев (Крстеви) Дичов, познат како Дичо Зограф, е македонски иконописец, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Дичо Зограф е еден од најплодните сликари на македонската ренесанса – огромна количина прекрасни икони и мурали се расфрлани низ целиот регион, Охрид,...

Зограф Аврам Дичов

Аврам Димитров Дичов е македондки фрескописец од ренесансата, истакнат претставник на Дебарската уметничка школа. Света Богородица со Христос и други светци“, „Света Богородица“, Тетово, 1873 г., 41,5 Х 32 Х 3 cm Роден е во големото мијачко село Тресонче, Дебарско, во 1840 година во семејството на...

Делото стари народни песни од Томо Смилјаниќ. Влијанието на Смилјаниќ меѓу мијаците во 30-тите години од минатиот век30-те ГOДИНИ OД XX ВЕК

Зaпoчнувaме сo oбјaвувaње нa делoви oд делoтo СТАРЕ НАРOДНЕ МИЈАЧКЕ ПЕСМЕ нa Др. Тoмa Смиљaниќ, издaденo вo Белгрaд 1961 гoдинa. Делoтo е издaденo зa прв пaт вo 1960 гoдинa и е дел oд Глaсникoт нa Етнoгрaфскиoт интитут при Српскaтa aкaдемијa нa нaуките и уметнистите, oд стрaнa 139 дo 170. Би сaкaл...

„Матка“ ја изградил во предвидениот рок, Собранието, Стара железничка…

Роден 1887 година во селото Тресонче, западна Македонија, во семејство на познатите градители, резбари и уметници Мијаци, Јосиф Михаиловиќ е човекот кој го претвори Скопје во модерен град. Во неговиот градоначалнички мандат се изградени највпечатливите зданија во македонската метропола – зградата...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

January 2025
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ