Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека се откажува од проектот Бошков мост во Македонија.
Откажувањето е резултат на реакциите на експертите и екологистите од земјава, но и од надвор, кои регираа дека овој проект ќе влијае на природната и биолошката разновидност во националниот парк Маврово.
Проектот, вреден околу 100 милиони евра, кој предвидува изградба на брана во паркот Маврово, преставуваше ризик за опстанокот на критично загрозени видови, вклучувајќи го тука и балканскиот рис.
ЕБОР требаше да учествува со 65 милиони евра во заеми за проектот, но нејзините еколошки принципи забрануваат финансирање на проекти забранети од страна на Бернската конвенцијата, правно обврзувачки договор меѓу 51 земја.
Извор: emagazin.mk .
0 Comments