Мијаци, Брсјаци и Шопи се етноними и егзоними со кои луѓето и денес се обраќаат на одредени населени места на територијата на Македонија. Мијаците се заедница која се простира во западниот дел на Македонија и го зафака западното игроорно подрачје, кое се карактеризира со голем број на ороводни песни, но и неми ора. Брсјаците зафаќаат најголем дел од територијата на државата, централното и југозападното игроорно подрачје, кое во однос на орото се карактеризира со поголема слобода при изведувањето, особено на брсјачката жена, додека пак Шопите се протегаат на исток од реката Вардар и го зафаќаат источното игроорно подрачје или Горновардарската и Шопско-брегалничката етнографска целина.
Според етнокореологот Стефановска во македонските народни ора, жената има посебно значење, како од аспект на нејзината поставеност во однос на другите играчи и улогата во орото, начинот на држење на телото, па и самиот начин на изведување на орото.
Но, не секогаш и секаде жената била слободна во игрите и не смеела да покаже колку можела да биде слободна наспроти се што изведуваат мажите.
-Женските народни ора може да се изведуваат со музичка придружба, со пеење, како и без музичка придружба, и тоа се т.н. неми ора. Немите ора се зачувани само кај Мијаците и таму невестите играат молчешкум без музичка придружба, а ритам им даваат парите од низалките на појасот кои прават звук. Мијачката жена својата смиреност, срамежливост и скромност, ја искажува и при играњето, а во нејзиниот стил на играње се забележува изразена елеганција и грациозност. Мијачките жени, појаснува Стефановска играат мирно и воздржано, носејќи облека со вез, сребро и злато која може да тежи и до 15 килограми.
За традиционалниот начин при изведување на ората кај Брсјачката жена, постојат снимени материјали од познатата „Кaмера 300“ на Браќата Манаки. Слободата на Брсјачката жена кога игра оро се гледа во начинот на држење за рака, за појас, за горните облеки под пазувите, па дури и за рамо. Брсјачките жени, во тешките ора имале право да изведуваат соло фигури на вртење исто како и мажите ороводци.
Според истражувањата на Стефановска, и кај Шопската жена, се забележува патријархалност при изведување на орото исто како кај Мијачката и Брсјачката жена. Стилот на играње кај Шопската жена е елегантен, без потскоци, но со нијансирање на темпото во орото.
Жената во машките ора и во оро со мажите
Теренските истражувања на многу автори посочуваат дека многу машки ора ги играле и жените, но со маргинализирана улога во орото. На отворен простор жените биле подредени на левата половина од орото и според социјалниот статус, но дома и на свадби, жените можеле да водат оро и да играат и на машки начин. Ако се споредува слободата при изведување, тогаш таа е поголема кај Шопската, во однос на Мијачката и Брсјачката жена.
-Кај Мијаците за верските празници жените играле ора придружени со песна. Во ората учествувале и мажите, но тие биле во десниот дел и не пееле. Затоа тие ора се нарекуваат женски ора. Таков е случајот за Петровден во Галичник, како и во Смилево, каде се играле женски ора со пеење песни. Единствено место каде Мијаците и Брсјаците се собирале и играле ора, но секој своето оро, е соборот кај кичевската црква св.Пречиста. Но, на тој собор жени не присуствувале, вели Стефановска и додава дека кај Брсјаците и покрај забраната за мешање на половите при играта, постојат ора во кои играат заедно и мажи и жени, особено на свадбите.
Некогаш и денес…
Млади, членовите на културно-уметнички друштва и фолклорни групи со посебна љубопитност пристапуваат кон овој вид на информации и сакаат да слушнат нешто повеќе, како што тоа го направив на Семинарот за традиционална музика и игра што се одржува во рамки на Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола, појаснува Стефановска.
-Слушателите посебно се интересираат зошто на девојките им било забранувано да одат на свадби освен кај блиски роднини. Во Битолскиот регион, на пример, жените играле во посебни ора од мажите, но ако се случи мешање на орото, прво се фаќале блиските, па роднините, контактот меѓу мажите и жените бил со волнени ракавици на зима и шамивче или ќостек на лето. Во Струга и Струшко патријархално воспитаната Брсјачка жена при играњето се држела за рака, а таа патријархалност постои и кај Охридската селска жена која игра воздржано и видно не го искажува своето расположение, па затоа при играњето таа изгледа стегнато и како целосно да не го доживува играњето. Во некои села сеуште има поделеност при играта т.е. мажи до мажи, жени до жени. Интересни се и некои традиционални забрани кај Шопската жена за играње оро. Порано, машко и женско не смееле да играат заедно. Жената можела да игра само со блиски роднини или членови на семејството, а со подалечни роднини и познати, на оро можела да се фати само преку шамивче-„шерветка“. Во Радовишко се случувало женското оро да се надоврзува на машкото, но при тоа првата девојка се држи преку шамивче со последниот маж на орото, појаснува Стефановска.
Патријархалност во пристапот кон ората имало и во градовите. На девојќите не им прилегало многу скокање, а срамно било девојката да игра сама. Воздржаноста при играта на градската Брсјачка жена се презентирала со мали скромни движења во текот на орото. Шопските жени по градовите носеле долги фустани до петите, за да не им се гледаат нозете, бидејќи и тоа било голем срам. Во таа смисла, нагласува етнокореологот Стефановска, во играњето оро на жената кај Мијаците, Брсјаците и Шопите, може јасно да се забележи дека во минатото имало патријархален начин на изведување на ората. -Така било некогаш, во 50-тите години на минатиот век. Денес таа играорна патријархалност не постои и ја нема нити во регионот на Мијаците, нити кај Брсјаците, нити кај Шопите. Примерите од минатото може да се забележат само во ора на фестивалските сцени, во кореографии кои потсетуваат на традиции од ова поднебје, потврди Љупка Стефановска, дипломиран етнокореолог од Битола. Марјан Танушевски.
Љупка Стефановска, дипломиран етнокореолог од Битола е еден од ретките истражувачи во Република Македонија која истовремено истражувала и изработила антрополошка анализа на жената во орото кај Мијаците, Брсјаците и Шопите, територија на која се распространети и различните ора карактеристични за соодветните подрачја.
Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...
Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...
Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...
При анализата на градителството и градителските традиции во Македонија, и пошироко на Балканот, сите автори се согласуваат дека Мијачкиот крај е местото од каде што потекнува плеада на мајстори градители. Неколкугодишните истражувања на терен, недвосмислено упатија на нивниот особено различен...
Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...
Автентичноста на празнувањето Водици во Битуше е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата”, се вели во...
Мијаци, Брсјаци и Шопи се етноними и егзоними со кои луѓето и денес се обраќаат на одредени населени места на територијата на Македонија. Мијаците се заедница која се простира во западниот дел на Македонија и го зафака западното игроорно подрачје, кое се карактеризира со голем број на ороводни...
Кога ќе се спомене свадба, традиционална свадба и Галичник, веднаш умот не носи на единствената Галичка свадба. Традиција, култура, негувана со децении во денешно време ни ја дава можноста да се враќаме на миг во минатото и два дена да уживаме во она на кое се радувале нашите предци. Од тоа што го...
Мијачкиот “јозик” се говори и во селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Селце, Росоки, Осој, Гари, Жерноница, Сенце, Скудриње, Могорче, Присојница, Јанче, Битуше, Велебрдо, Ростуше, Мелничани, Косоврасти и во уште некои други места со помали промени, особено во фонетиката....
Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско“. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со кратко објаснување – “следуват...
0 Comments