Водици во Битуше – обичај кој заслужува да биде заштитен од УНЕСКО

by | Jan 19, 2020 | религија, фолклор

Автентичноста на празнувањето Водици во Битуше е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата”, се вели во образложението на одлуката на Владата ова празнување да биде прогласено за културно наследство од особено значење

Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за еден народ, проучувај ја неговата историја, ако сакаш, пак, да го разбереш духот на тој народ, научи ја неговата народна култура, неговата традиција, обредите и празнувањата… Токму едно такво празнување – Водици во Битуше кое обединува вековни обичаи на македонскиот народ од Западна Македонија, е прогласено за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со ова, Битуше и битушките обичаи конечно го добија своето заслужено место меѓу заштитени нематеријални културни добра.

“Со прогласување на Водици во Битуше за културно наследство, овозможува и негово зачувување и афирмација во неговата автентична и интегрална форма која ја негува локалната заедница на селото… Како комплексен вид на нематеријално културно добро кај Македонците од Мијачијата, согласно Националната класификација припаѓа на групата обичаи од годишниот циклус, тип на обредни ора, и поттип на женски поворки. Автентичноста, пак, е изразена преку висок степен на присутност на изворното негување на верувањата, сродството, традиционалните носии, обредните песни, ора и зачуваноста на обредните реквизити кои се користат, пред сѐ литискиот крст во секое од кумствата“, се вели во образложението на одлуката донесена од страна на Владата.

Традицијата е дел од идентитетот на секој народ и во неа е вткаен културниот и креативниот дух на многу генерации. Преку обичаите и обредите остава траен белег и ги прави луѓето посебни, препознатливи.

Село кое лежи на лековити извори

“Битуше не е обично македонско село. Лежи на лековити извори и 22 чешми. Тоа е село во мијачкиот дел од Македонија, под планината Крчин, каде што на еден невообичаен начин се испреплетени природните убавини, историјата, традицијата, фолклорот… И во кое до ден-денешен се сочувани древните обреди за големите христијански празници”, вели во монографијата “Празнувањето на Водици во Битуше…”, авторката м-р Елизабета Арсоска.

Инаку, Водици во селото Битуше припаѓа на божиќно-новогодишниот циклус зимски празнувања со кои завршуваат т.н. некрстени денови. Празнувањата започнуваат на 13 јануари, а кулминираат со т.н. Машки Водици (19 јануари), а завршуваат на Женски (20 јануари) Водици. Обредно-обичајните дејствија кои се изведуваат се од црковен и народно-христијански карактер главно поврзани со култот на водата и нејзината прочистителна моќ. Интересно и воедно уникатно е тоа што заедницата на село Битуше е поделена на две кумства. Тие, пак, практикуваат бројни обредни дејствија, а меѓу поважните се: „давање збор за земање крст“, „кревање обредни лебови“ пропратено со обредни песни, „зовење“ на обредната поворка кумстарки, кои пак имаат исклучително важна улога во одржувањето на ова нематеријално добро како живо наследство.

Тие во својата традиција ги негуваат и пренесуваат на помладите генерации знаењата и вештините за обредната софра, за верувањата поврзани со празникот, за обредните песни и обредното „Св. Јованово оро“ кое се изведува со 11 обиколки во црковниот двор на локалната селска црква „Св. Архангел Михаил“. Бројни се и други обредни дејствија како „правење софра“ за простување со старите кумови, „испраќање и дочекување на ајазмото“, „обредна обиколка“ по куќите само кај членовите на кумствата, обичајот „по крсти“ за обредно фрлање на крстот како заедничко чествување на целата заедница, „кревање на кумството“ кое е централен настан што го изведуваат женските поворки – кумстарки во секое од братствата (кумствата), „обреден ручек“ за сите членови на кумствата, одење „на бак’рда“, „с’ поклон“ и на „именден“…

Заслужуваат да бидат сочувани од заборав

Како вистински раритет во целиот христијански свет, обредите за прославата на Водици во Битуше, заслужуваат да бидат сочувани од заборав, пошироко афирмирани и заштитени од светската организација УНЕСКО како нематеријално културно богатство. Според м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита на културно наследство, пак, одлуката за аплицирање во УНЕСКО ја носи Националната комисија врз основа на апликацијата.

“Сега е најважна негова промоција како заштитено културно наследство и популаризирање, а локалната заедница треба да преземе разни иницијативи. Процедурата за УНЕСКО е подолготрајна и започнува со иницијативата на носителите до изработувачот на елаборатот (во случајов Институтот за старословенска култура во Прилеп). Но крајната одлука е на Владата. Министерството за култура, пак, ќе треба и да помага на најразлични начини, советодавни и финансиски, за зачувување на ова нематеријално културно наследство за што постои и посебен фонд. Во моментов, на национално ниво заштитени се 70 добра, а уште за 38 сме во процедура“, вели Опетческа-Татарчевска.

Повеќе на Вечер

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Мијаците се чисто македонско племе, кое било на удар на соседните пропаганди уште од XIX век

Двете пропаганди ќе се истиснуваат една со друга, во зависност од општествено-економските интереси на Мијаците, односно која пропаганда-партија ќе „стави повеќе пиљави на кантарот“, кажано на локалниот дијалект, а што значи – кој ќе даде повеќе пари. Поедноставно кажано, изнудувањето големи суми...

Адети и песни кои се пееле за празникот Св.Ѓорѓија (Ѓурѓовден) во Мијачијата

Автор: Мојсо Поповски/lazaropolee.blogspot Песните се запишани од Васил Икономов Поповски Димкоски, објавени во Солун 1895 година, во “зборник од старо-народни умотворенија од дебарско, кичевско и охридско”. Ѓурѓовденските песни започнуваат од страна 45 до страна 49 од зборникот, со...

Воскресение Христово – Пасха во Тресонче

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари! На ден 01.05.2021, на наше големо радување, по повеќе декади, црковниот одбор на село Тресонче организираше литургија со литија по повод Христовото Воскресение – Велигден. Во сепразничната и...

Нова божикна каланда „Христос се раѓа, на светот радост“

Традиционално, и овој Бадник, Здружението “Бадникови поворки” со благослов и сесрдна помош на Бигорскиот манастир, објавува Божикен спот како подарок за верниот народ. -Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската...

БАДНИКОВИ ПЕСНИ И АДЕТИ

Во Дебарско особено во нашите малорекански села, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат...

Милениумски јубилеј: Бигорски манастир денеска слави 1000 години од основањето

Централната прослава на големиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите...

Учеството на Тресончани под строги протоколи, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски, каде на наше големо задоволство, како специјални гости ќе земат учество и претставници од Тресонче. Назначените од одборот претставници ќе...

Повеќе за Игуменот на Бигорската Обител, Отец Партениј – новиот епископ на МПЦ-ОА

Архимандрит г. Партениј Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Уште од најрано...

Отецот Партениј нов епископ на МПЦ-ОА

Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ.  Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил...

Бошкачки, вториот јазик на Мијаците

Скивај, скивај каква манука ни догуруват одозгора. Ама е апсика како десетка. Апсика е вајзана, ама имат и апсик манук. Абре е апсик, ама е многу плак. Не го бидува за такечинење. Жилкај и не боботари. Го скива манукот да ѕверкат како лајаче. Ваков дијалог иако звучи како да е воден на некој...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

February 2025
M T W T F S S
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
2425262728  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ