Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на Кањон Тресонче, бројните работни акции, целосно возобновување на пешачкиот мост во Кадиевци, велосипедската трка, летната школа, продлабочување на односите со Бигорската обител, како и одржување на ниво на комуникација и огромна подршка од Опшина Маврово-Ростуше и НП Маврово.
Ви го пренесуваме во целост обраќањето:
Почитувани Тресончанки и Тресончани,
Веке одминува втората година на пандемијата која го парализира светот.
На сите нас оваа ситуација остави траги – нажалост кај некој и со трагични последици и што е најважно, сеуште продолжува дури со зголемен интензитет.
Сепак, животот и работењето мора да продолжат понатаму.
Во неможност да се видиме сите заедно, да си помуабетиме, подискараме, би сакал да ви се обратам на овој начин и барем малку да ве запознаам што направи досега и што планира да прави ЗГ Брзовец за Тресонче.
Во 2020 година се почнаа и завршија неколку поголеми проекти кои се од голема важност за развојот на Тресонче Имено:
1. Докомплетирање на успешниот проект од 2019 г – Меморијалниот парк Дичо Зограф во склоп на Црквата Св Петар и Павле – поставување клупи, дрвца итн со цел да стане пријатно уредено катче.
2. Овозможивме да се отвори убавината на Син Вир за посетителите, со претходно правење на два моста после Алилица како би се дошло до него. Едниот го направи екипа на НП Маврово, другиот ние сами, сложно, на акција.
3. Спремна е метална платформа да може до самиот водопад да се стигне лесно – платена за нас од НП Маврово, наскоро ке се носи и монтира кај Син Вир.
4. Пробиени и маркирани, со патокази, повеке обележани пешачки патеки во и околу Тресонче.
5. Направени се 4 успешни акции на чистење , косење и средување на селото, црквите, гробиштата, патот – Голема благодарност до сите, и допрва се радувам на дружбата на планираните акции во 2021.
6. Успешно е оддржана Првата Малореканска Зографска Школа – по патеките на Дичо Зограф, заедно со МАНУ и Општината Маврово Ростуше.
7. Успешно организирана Велосипедската трка ХСО Тресонче од Државното првенство на Р.М.
8. Направен е нов Долни Мост во м. Кадиевци – ЗГ Брзовец со прилози од жителите на Кадиевци.
9. Задружната зграда, како и школото, и официјално се во владеење на ЗГ Брзовец со Одлука на Општина Маврово и Ростуше.
10. Интензивни активности на и преку социјалните мрежи FB и Instagram како и изработката на новата прекрасна веб страна – www.tresonce.mk
11. Вредно е за споменување, воспоставувањето на близок однос со Бигорското Братство, нивното присуство на сите поголеми настани, како и оддржаната Панихида за Дичо и сите покојни души во Тресонче – со што сакавме да им оддадеме почит на сите наши упокоени Тресончани низ вековите – Голема благодарност до Братството.
Накратко и за тековните работи /проблеми:
12. Струја – ЕВН замени повеке бандери, со што струјата е постабилна, но има уште работа
13. Вода – Водоводот работи регуларно и без проблеми, освен редовното оддржување (замена на вентили, цевки итн) и има вкупно 23 интервенции во 2020, сите успешно решени и платени – долг немаме
14. Ѓубре – редовно се собира по потреба, но во оваа прилика повторно ке се навратам и апелирам на вашата свест да не се фрла кабаст отпад во контејнерите оти не го собираат, табли се ставени и ве молам да се почитуваат – и така е доволно комплицирана постапката за собирање и нема потреба од дополнителни проблеми – долг немаме према ЈКПД Маврово.
15. Во 2020 на наше големо задоволство, видовме реки од туристи, љубители на природа и воопшто добронамерници како одат на Син Вир – верувам дека тој тренд ке продолжи и интензивира – тоа беше нашата награда како ЗГ Брзовец дека сме на прав пат. Сепак, вредно е да се помене дека повеке луѓе носат и проблеми, затоа се поставени канти за отпадоци, инфо табли, но набавивме и апарат за кафе и фрижидер за пијалоци со цел барем малку да ги услужиме гостите – а секако и за нас сите кога се собираме после нашите акции.
16. Преку целата година се потрудивме успешно да ги запазиме Ковид протоколите и секогаш да има доволно средства за дезинфекција на одредените места за тоа. Црквите беа комплетно дезинфицирани.
Во оваа прилика, би сакал да споменам дека во ек на пандемија, извршниот одбор и претседателот неделно се состануваат и дискутираат за и околу активностите поврзани со Тресонче. Се шириме со нови помлади членови кои вредно ке работат во остварувањето на зададените цели.
Изразувам огромна благодарност до членовите на Извршниот Одбор за несебично залагање, ентузијазмот како и желбата да се направи што повеке за Тресонче – продолжуваме понатаму во 2021 по Програмата.
Се заблагодарувам на нашата Општина Маврово и Ростуше на помошта и посебно на градоначалникот Г-дин Медат Куртовски за споделувањето на истите идеи и цели за развој на нашиот крај.
Благодарност и до НП Маврово – директорот Г-дин Самир Ајдини, за имање слух и доблест да ни помогне како прав партнер на ЗГ Брзовец.
И накрај, најголема благодарност до сите граѓани на Тресонче, за нивниот придонес, поддршка и мудрост кои не водат да ги решаваме предизвиците сите заедно – сплотени.
Продолжуваме понатаму со истиот интензитет по програмата за 2021 која може да се види на веб сајтот.
Финансиското работење по завршната сметка за 2020 е успешно и ке го презентираме накнадно пред членовите
Со Почит до сите,
Претседател на ЗГ Брзовец
Јосиф Саржоски
[pdf-embedder url=”https://tresonce.mk/wp-content/uploads/2021/03/Годишно-обраќање-ЗГ-Брзовец.pdf” title=”Годишно обраќање ЗГ Брзовец”]
На следниов ЛИНК погледнете ја и програмата најавена за 2021 година.
[pdf-embedder url=”https://tresonce.mk/wp-content/uploads/2021/03/Програма-ЗГ-Брзовец-2021.pdf” title=”Програма ЗГ Брзовец 2021″]
0 Comments