Македонската православна црква – Охридска архиепископија доби нов епископ. Синодот на МПЦ-ОА денеска го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула „Антаниски“ според античкиот град Антанија кој бил епископско седиште. Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.
На денешната седница на Светиот архиерејски синод е прифатена и одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф да биде ослободен од митрополиската должност од здравствени причини, а за негов наследник е избран игументот на „Свети Јоаким Осоговски“, отец Григориј за епископ Сарандополски до моментот додека да биде интронизиран за Кумановско-осоговски.
Отец Партениј е избран едногласно, а отец Григориј со значително мнозинство. Одлуката на митрополитот Кумановско-осоговски да се повлече од митрополската должност, како што изјави портпаролот на МПЦ-ОА митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, е малку невообичаена, имајќи предвид дека г. Јосиф е човек на 40-тина години. – За најголем дел од македонската јавност, вклучително и за мене како портпарол на Светиот Архиерејски Синод, не знаев дека е во таква состојба, дека ќе побара ослободување од архиерејска должност имајќи предвид дека е човек на 40-тина години, изјави Тимотеј.
Наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во манастирот „Свети Јован Бигорски“, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид. За отец Григориј наречението е закажано за 25 во манастирот „Јоаким Осоговски“, а на 26 ќе се одржи хиротонијата во црквата Свети Никола во Куманово.
По тој повод раководството на Здружението на граѓани „Брзовец“ на чело со претседателот, г-дин Јосиф Саржовски испрати честитка за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија.
Во писмената порака, меѓу другото, се нагласува дека Тресончани, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжат да се грижат за традицијата од предците за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“.
Писмото го пренесуваме во целост:
0 Comments