Мостот „Еленски скок“, по кој некогаш врвел и прочуениот Дичо Зограф, кога одел да го изработува познатиот иконостас во Бигорскиот манастир, е една од повеќето атракции со кои овој крај сака да привлекува туристи. Мостот се наоѓа над Гарска Река наспроти село Могорче, во близина на месноста Бошков Мост, на десната страна од регионалниот пат Дебар – Маврово.

03C38D02C7C9EE4A88751410FFC5BF92Има повеќе легенди поврзани со мостот, а името го добил според формата на лак, кој асоцира на скок на елен и претставува редок пример на мајсторство на градителите од овој крај. Со невообичаена градба, архитектура, материјалот со кој е граден и поставеноста во просторот, мостот го плени вниманието на посетителите.

Од жителите на село Могорче слушнавме една од легендите за изградбата на мостот, која се пренесувала од колено на колено од нивните предци, а ја знае секој жител од овој крај. Ни ја раскажа и Мехмеди.

– Мостот бил изграден пред 3-4 века во спомен на загинувањето на еден волшебен елен. На планината Стогово, во близина на село Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство. За средбата со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го изѕидале овој мост со невообичаена градба – раскажува Мехмеди.

6943436-mdОваа легенда е најраспространета, но се раскажуваат уште две. Според едната, , мостот е изграден во сеќавање на момчето што за да ја одбрани честа на својата девојка, убил турски бег. По настанот, Турците пратиле аскер да го фатат. Гонето од аскерот момчето бегало и стасало до надојдената Гарска Река. Во тој момент од шумата се појавиле самовили и го претвориле во елен, кој без проблем ја прескокнал реката. Подоцна, како благодарност до самовилите, селаните го изградиле мостот.

Другата легенда раскажува за бегот што со својата војска се обидувал да улови елен, кој постојано им бегал и никако не дозволувал да му се приближат. Иако бил ранет, еленот не им се предавал ни кога бегството речиси било невозможно. Kога се нашол на брегот на Гарска Река, не двоумејќи се, скокнал на другиот крај од реката и таму починал. Восхитен од него бегот наредил да се изгради мост, кој ќе го симболизира тој судбоносен скок на еленот.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

ТРЕСОНЧЕ НОСИ МИР…И ЕДЕН СИН ВИР

Благодарејќи на неговата местоположба, распослано во најживописниот предел од недопрената природа на Националниот Парк Маврово, Тресонче продолжува да привлекува и да плени посетители, како со својата богата историја, така и со раскошното флорастично богатство, шумите, планините, а посебно со...

Заловена втора женка рис во близина на Стража

Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ во близина на Стража. Се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на...

Големи планови за најголемиот национален парк во Европа: Фотосафари во НП „Маврово“

Националниот парк „Маврово“ е најголемото заштитено подрачје по површина во Македонија и годинава одбележува седум децении од добивањето на тој статус. Првиот човек на оваа институција Самир Ајдини во интервју за МИА зборува за актуелната состојба, предизвиците и плановите на менаџментот поврзани...

Конкурс за најдобра фотографија на тема : “Приказни за убавините на Националниот Парк Маврово”

ЈУНП „Маврово“ ги соопшти победниците од Конкурсот за фотографија, кој го објави по повод 70 години од прогласувањето на Националниот парк Маврово на тема „Приказни за убавините на Националниот парк Маврово“. Конкурсот беше поделен во три категории за учество, Млади фотографи (до 16 години),...

„Се тури Дебор“ за Бошков Мост, ЕБОР се пишмани-рисот куртули!!!

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека се откажува од проектот Бошков мост во Македонија. Откажувањето е резултат на реакциите на експертите и екологистите од земјава, но и од надвор, кои регираа дека овој проект ќе влијае на природната и биолошката разновидност во националниот...

Еленскок

Мостот „Еленски скок“, по кој некогаш врвел и прочуениот Дичо Зограф, кога одел да го изработува познатиот иконостас во Бигорскиот манастир, е една од повеќето атракции со кои овој крај сака да привлекува туристи. Мостот се наоѓа над Гарска Река наспроти село Могорче, во близина на месноста Бошков...

Единаесет водопади на Тресонечка река

Македонија има многу убавини. Само треба да имате желба да ги запознаете. А во меѓувреме љубителите на убавата природа ќе го прават тоа наместо вас. Можеби спелеолозите се едни од ретките кои виделе голем дел од богатството во Македонија, а истовремено и откриле нови дела на природата. За една...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

October 2024
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ