ТРЕСОНЧЕ НОСИ МИР…И ЕДЕН СИН ВИР

by | Dec 18, 2020 | објави од посетители, планинарење, природа

Благодарејќи на неговата местоположба, распослано во најживописниот предел од недопрената природа на Националниот Парк Маврово, Тресонче продолжува да привлекува и да плени посетители, како со својата богата историја, така и со раскошното флорастично богатство, шумите, планините, а посебно со импозантниот Тресонечки Кањон и неговите делумно и недостапни геоморфолошки форми.

Едни од посетителите се и администраторите на прекасниот инста профил ” NoMan’sLand “, кои воодушевувањето од она на кое наишле при нивната посета не штедејќи зборови и емоции го преточиле во една прекрасна објава која со големо задоволство ви ја пренесуваме во целост…

“Колку повеќе ја шеташ Македонија, толку повеќе се заљубуваш во нејзиниот раскош и скриени богатства. Сепак, и ние си имаме места фаворити на кои сакаме често да им се навраќаме. Го обожаваме цел мариовски регион, во последно период и Малешевијата, но посебно место во срцето кај нас има и Реканскиот крај. Започнувајќи од патот заобиколен со шуми и планини, па до величествените врвови кои сме ги искачиле, црквите и манастирите, луѓето кои ги среќаваме, но пред се’ селата кои опстоиле, на овој можеби по површина не многу голем, но премногу моќен дел од нашата држава.


​Ова е текст за Тресонче, срцето на Мијачијата, иако гордите Мијаци од другите околни села, сигурно нема да се сложат со оваа констатација. И тоа е секогаш убава дискусија, кога слушаш луѓе, горди на своето потекло, како се ставаат во одбрана на местото од каде потекнуваат нивните предци. И таквите дискусии никогаш немаат крај, ниту победник. Но едно е сигурно, сите тие знаат дека им е заедничко што потекнуваат од овие краишта и меѓусебно секогаш ќе се поддржат. Во добро и лошо. А ова е текст како ние го доживеавме Тресонче, затоа што за историјата на самото село е толку многу пишувано и раскажувано, што не знаеме што би додале.


​А вклучувањето на сетилата на макисмален погон започнува уште кога се издвојувате од главниот пат. Обрасната шума, со реката која ве следи во вашето движење, само да ве потсети дека природата кога дарувала тука, воопшто не била скржава. И некако сакате тој пат да потрае што подолго. Не сметаат ниту дупките на него, ниту кривините. И стигнуваме до селото. Таму една стара, сега реновирана коперација, што ја користат за седење тресончаните кои се исселиле со тек на времето, но често доаѓаат тука да го користат својот одмор и викендите. Не’ отпоздравуваат и веднаш започнуваат да ни раскажуваат за селото. А тоа, во самото срце на Бистра, заобиколено со шуми и планински врвови и распослано во неколку маала. Ни покажуваат од каде да одиме до најпознатиот водопад тука – Син вир.

Се упатуваме кон него, па после неколку километри пешачење низ шума, придружувани од Тресонечка река, стигнуваме до овој убавец на природата. Затскриен, не многу популарен, но вреди секој изоден метар за да се стигне со него. Се враќаме назад кај нашите домаќини, а тие повеќе од гостопримливи, сакајќи во еден ден да ни покажат што се’ крие ова магично село, ако тоа воопшто е возможно во толку малку време. Влегуваме во црквата „Свети Петар и Павле“, чии икони се насликани од најпознатиот тресончанец и најпознатиот балкански иконописец – Дичо Зограф. За тоа каков впечаток ни остави самата црква, во некој друг текст, затоа што не може да се опише само во неколку реченици. А ние ја посетивме и спомен куќата направена во чест на Дичо Зограф. И сето тоа по иницијатива на овие добри луѓе кои не забораваат од каде потекнуваат нивните предци.

​Тресонче не’ потсети какви луѓе живееле на ова тло. На кое место успеале да создадат село уште во XV век. Без разлика дали зборуваме за периодот под турско ропство, илиндеснкиот период или периодот за време на НОВ. Па не може ние тука да сме биле слепо црево и сите работи од историјата на Европа и светот да започнувале или да се одвивале на некое друго место. Многу работи започнале од кај нас. Нем сведок е ова село и сите луѓе кои живеле тука. А наше е да ја продолжиме нивната мисија.”

https://www.instagram.com/p/CI3yaYgLw3B/

NoMan’sLand… ни ги згреавте душите, од срце ви благодариме за прекрасните зборови, и исто толку искрено ве очекуваме и се радуваме на следната ваша посета.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

ЗГБ ве поканува на планинарската прошетка „Тресонечкa Долина“

На ден 10ти Јули по повод Петровден –слава на с.Тресонче, ЗГ Брзовец ја организира втората традиционална планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресончка река. Патеката ќе се движи низ Тресонечкиот сињор, ќе ги посетиме месностите Рофјосан Камен, Змејовица, Змејово Чардаче, Изворот...

ТРЕСОНЧЕ НОСИ МИР…И ЕДЕН СИН ВИР

Благодарејќи на неговата местоположба, распослано во најживописниот предел од недопрената природа на Националниот Парк Маврово, Тресонче продолжува да привлекува и да плени посетители, како со својата богата историја, така и со раскошното флорастично богатство, шумите, планините, а посебно со...

Тресонче ја организира првата 11 Октомвриска Тура – Тресонечка Долина

Автор: Жан Илиќ На ден 10ти Октомври по повод државниот празник 11ти Октомври за прв пат ја организираме планинарската тура , кружна прошетка околу долината на Тресонче. Се надеваме дека од оваа година ќе прерасне во убава Октомвриска традиција на нашето село Тресонче. Патеката ќе се движи по...

Заловена втора женка рис во близина на Стража

Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ во близина на Стража. Се работи за здрава женка, веројатно на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на...

Големи планови за најголемиот национален парк во Европа: Фотосафари во НП „Маврово“

Националниот парк „Маврово“ е најголемото заштитено подрачје по површина во Македонија и годинава одбележува седум децении од добивањето на тој статус. Првиот човек на оваа институција Самир Ајдини во интервју за МИА зборува за актуелната состојба, предизвиците и плановите на менаџментот поврзани...

Конкурс за најдобра фотографија на тема : “Приказни за убавините на Националниот Парк Маврово”

ЈУНП „Маврово“ ги соопшти победниците од Конкурсот за фотографија, кој го објави по повод 70 години од прогласувањето на Националниот парк Маврово на тема „Приказни за убавините на Националниот парк Маврово“. Конкурсот беше поделен во три категории за учество, Млади фотографи (до 16 години),...

Искачување на врв Брзовец (12 врвови)

  На денот на независноста на Македонија, 8 септември 2017, беше искачен последниот 12 врв за годинашниот планинарски предизвик „12 Врвови“, (Голем и Мал) Брзовец висок 2082 метри на планината Бистра. Околу 50-ина планинари и предизвикувачи од Скопје, Гостивар, Битола и други места во...

„Се тури Дебор“ за Бошков Мост, ЕБОР се пишмани-рисот куртули!!!

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека се откажува од проектот Бошков мост во Македонија. Откажувањето е резултат на реакциите на експертите и екологистите од земјава, но и од надвор, кои регираа дека овој проект ќе влијае на природната и биолошката разновидност во националниот...

Еленскок

Мостот „Еленски скок“, по кој некогаш врвел и прочуениот Дичо Зограф, кога одел да го изработува познатиот иконостас во Бигорскиот манастир, е една од повеќето атракции со кои овој крај сака да привлекува туристи. Мостот се наоѓа над Гарска Река наспроти село Могорче, во близина на месноста Бошков...

1 Comment

  1. Josko Sarzoski

    Sekoja cest na Prijatelite na Tresonce.
    Se nadevame na novi sodrzini sekoja godina, toa ni e celta i poleka no sigurno istoto ke go postigneme zaedno!
    Postovi od dobronamerni posetiteli se dobredojdeni i ni davaat pottik za rabota!
    Blagodarime!
    ZG Brzovec

    Reply

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

September 2021
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ