Краток осврт кон 2019

by | Dec 31, 2019 | за селото, зг брзовец

31 декември, последен ден од годината која е на одминување. Се резимираат успесите и впечатоците од  претходните 364 дена.

Годината која измина зад себе остави бројни настани и творби значајни за нашето село и неговите посетители. Година која ке ја паметиме по бројните успешни проекти, спортски, културни, културолошки настани и манифестации предводени и реализирани од претприемачкиот дух и иновативни идеи на членовите на извршниот одбор на ЗГ Брзовец, селскиот одбор и месната задруга, со, се разбира голема помош од останатите посетители и сопственици на викенд куќи во Тресонче. 

Во собирањето на впечатоци ке направиме краток осврт кон дел од споменатите проекти и настани и тоа:

-Се остварија бројни работни средби со претставници од општината Маврово и Ростуше и градоначалникот Медат Куртовски, НП Маврово и др. од кои добивме значителна логистичка и финансиска подршка како расчистување на пристапните патишта, изградба на летниковци, директна финансиска интервенција во буџетот со која беше потпомогнато реализирање на претходно споменатите активности.

-Подигнат е меморијален центар „Дичо Зограф“ во кругот на црквата Св. апостоли Петар и Павле за чија цел беше изградена спомен чешма и обновена работната одаја. Обновена е оградата на црквата, санирана е камбанаријата и ѕидот крај истата, инсталирано е соодветно рефлекторско осветлување.

-Организирана беше културна манифестација за чествување и отварање на меморијалниот центар по повод 200 години од раѓањето на Дичо Зограф. На наше големо задоволство присуствуваа голем број на Тресончани, добронамерници, лица од државниот врв, амбасадори, претставници од МПЦ како и еминентни личности од научната и уметничката фела. Настанот доби и огромна медиумска покриеност во бројни печатени и дигитални медиуми како и во престижната МИА..

-Одржана е спортска манифестација во планинско трчање „Бистра Trail Run 2019“ и трката во планински велосипедизам ХЦО МТБ „Меморијал Дичо Зограф”, организирана од „В.К. Енерџи”од Скопје и „З.Г. Брзовец”, под покровителство на „ТРИГЛАВ Осигурување”. И за оваа трка беа доделени медали и награди на најдобрите.

IMG-e8d08e9e44ff381a998bf6017361ec8c-V.jpg

Прогласување на победници од ХЦО МТБ „Меморијал Дичо Зограф”

-Само ден потоа се одржа и традиционалната Бистра АндреналинскаТура со стандардните тури по Бистра – „Bistra Adventure 2019“ во организација на „Прв до Врв“ од Скопје (голема тура по падините на Бистра, мала тура до Гари и Лазарополе, мала тура до Галичник)

21272496_1511584792230853_1143812654289158672_n.jpg

-По повод двестегодишнината од раѓањето на Дичо Зограф (1819-2019) во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите беше отворена изложба на негови икони. Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, и Сашо Цветковски, научен советник од истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

-Свеченото одбележување заврши со парастос во храмот „Св. Петар и Павле“ Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски и ероѓаконот Анатолиј. На Парастосот присуствуваа и учесниците на Симпозиумот.

-Во два наврата претставници од ЗГ Брзовец гостуваа и имаа свое излагање во програми на јавните гласила, и тоа еднаш на радио и еднаш на телевизија.

-Пред крајот на годината делегација од општина Маврово и Ростуше предводена од градоначалникот Медат Куртовски и претставници од НП Маврово ги посетија водопадите на Тресонечка река и пештера Алилица како дел од проектот за промоција на истите со инвестирање во поголема пристапност до истите со градење на мостови, одморалишта, како и изведување на пристап до м.в. Син Вир.

-Во пресрет на зимата извршени се интервенции врз пристапните асвалтни патишта за санирање и тоа на неколку критични локации, и е извршена дренажа на проточната вода која создаваше голомразици во зимските периоди.

Со господ напред, за следниот период се предвидени исто така доста активности, како спортски настани и други манифестации. Од капиталните проекти може да се издвојат обнова и ревитализација на училиштето „Димитар Ормански“ како и задружната зграда, отварање на гранап и угостителски објект со сместувачки капацитети, овозможување на пристоен пристап до некои од културните и природни знаменитости како што е изградба на пристапен мост до пештерата Алилица и пристап до мв Синвир како и стојалишта и одмаралишта. Се планира учество во чествување на 1000 години од постоење на манастир Јован Бигорски, организирање на културни и забавни манефеста по одредени поводи и др.

ФБ коментари

Може да ве интересира…

Годишно обраќање за 2020 – ЗГ Брзовец

Претседателот на Здружението на граѓани за развој на с.Тресонче “БРЗОВЕЦ“, г-дин Јосиф Саржоски денеска излезе со писмено годишно обраќање во кое изнесува краток осврт на 2020 година, каде ги истакнува активностите околу овозможување достапност до водопадите и пештерите кои се составен дел на...

ХСО – ТРЕСОНЧЕ 2020, државно првенство во планински велосипедизам

    Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија, В.К. “ЕНЕРЏИ“ и З.Г. “Брзовец“, како и подршка на Општина Маврово -Ростуше , на 27ми Септември Недела на кружната патека низ Тресонче ќе се одржи Државното Првенство во Планински Велосипедизам ХСО “Тресонче 2020“ Трката е за...

Краток осврт кон 2019

31 декември, последен ден од годината која е на одминување. Се резимираат успесите и впечатоците од  претходните 364 дена. Годината која измина зад себе остави бројни настани и творби значајни за нашето село и неговите посетители. Година која ке ја паметиме по бројните успешни проекти, спортски,...

Село Тресонче во турските пописни дефтери од XV до XVI век

Реканската нахија (нахија е најмала територијална-административна област во Османлиската империја) била составен дел од Дебарската каза (оваа каза е составен дел пак од Охридскиот санџак (1395г.); овој санџак е дел од Румелискиот беглербеглак /елајет односно вилает/), во која што каза припаѓале...

Еленскок

Мостот „Еленски скок“, по кој некогаш врвел и прочуениот Дичо Зограф, кога одел да го изработува познатиот иконостас во Бигорскиот манастир, е една од повеќето атракции со кои овој крај сака да привлекува туристи. Мостот се наоѓа над Гарска Река наспроти село Могорче, во близина на месноста Бошков...

0 Comments

КАТЕГОРИИ

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

December 2024
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ФБ

[custom-facebook-feed]

ПРИЈАТЕЛИ НА ТРЕСОНЧЕ